Бајден им ги ублажи казните на 2.500 затвореници, осудени за ненасилни прекршоци за дрога

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
U.S. President Joe Biden speaks on the death of former U.S. President and Nobel Peace Prize recipient Jimmy Carter, who died at the age of 100, at the Company House Hotel, in Christiansted, St. Croix, U.S. Virgin Islands, December 29, 2024. REUTERS/Ken Cedeno
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД, Џо Бајден помилува речиси 2.500 лица осудени за ненасилни прекршоци поврзани со дрога, објави Њујорк тајмс.

Тој истакна дека осудените „одлежале подолги казни отколку што би добиле денес според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“.

– Оваа акција е важен чекор кон исправaње на историските грешки, исправање на разликите во казните и овозможување на заслужните поединци можност да се вратат во своите семејства и заедници откако ќе поминат премногу време зад решетки – изјави Бајден.

Претседателот наведе и дека издал повеќе индивидуални помилувања од кој било друг претседател во историјата на САД.

Тој ги помилува затворениците 3 дена пред да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател, Доналд Трамп.

Share This Article