Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денес добил известување од Азербејџан во врска со испораката на гас, објави порталот Б92.
– Уште една лоша вест нѐ погоди утрово. Добивме известување од Азербеџан дека од денес не можеме да се ослониме на 1,7 милиони кубни метри гас којшто секојдневно пристигнуваше. Од денес ќе почнеме многу посериозно да ги трошиме нашите резерви. Сите велеа „лудиот Вучиќ“, но сега испадна дека било паметно што собиравме резерви. Имаме толку многу гас што можеме да го дополниме додека не нѐ стаса нов малер. Се надевам дека Азербеџан ќе може да го реши проблемот за еден или за два месеца, а ако е невозможно, сметајте дека ќе мораме да трошиме резерви во следните четири месеци, по 2 до 2 и пол, 3 милиони – изјави Вучиќ.
Вучиќ нагласи дека нема да има недостиг на гас, ниту, пак, нафта и други деривати, и дека и понатаму не се менува целта на Србија да биде најбрзо растечка економија во Европа.