Пред српското Собрание има зголемено присуство на полицијата, и според белградски медиуми паркирани се десетина патролни возила и едно полициско комбе.
Полицајци се распоредени пред службениот влез на Собранието.
Голем број продавници низ Белград се затворени, јавија белградските медиуми.
Пратениците и советниците од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.
„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите. Го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Х.
Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.
„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.
Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии.
Tagged as:
Автопатот Нови Сад – Белград целосно блокиран
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
