Автобус кој превезува средношколци неколку пати се расипал на враќање од екскурзија, соопшти полицијата.
„По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 8.5.2026 година во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје полициски службеници од СВР Велес сопреле автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје. Автобусот, сопственост на правно лице од Скопје, е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување техничка исправност. Патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација“, соопшти полицијата.
Од МВР додаваат дека по целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Порталот СДК.мк објави дека автобусот, во кој се превезувале ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ синоќа се расипал 4 пати, а родителите биле вознемирени кога слушнале дека нивните деца не можат да се вратат од екскурзија дома. На крајот, по пријава на родител во МВР, сообраќајната полиција го запрела автобусот на патарина, му забранила движење и наредила транспортерот за децата да донесе нов и безбеден автобус.
Родителите за СДК.мк изјавиле дека учениците биле обвинети дека креваат паника без потреба, затоа што не биле расипани кочниците, на автобусот, туку електрониката.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
