Штаерската полиција во вторник наутро потврди дека во Грац е во тек голема полициска операција, по пукањето во кое, наводно, имало жртви.
„Во моментов е во тек голема полициска операција во Сојузното средно училиште на Драјершиценгасе во Грац. Штаерската полиција го потврди ова на социјалната платформа X“, објави Дер Стандард.
„Распоредени се неколку служби за итни случаи и возила Кобра. Причината за операцијата беа истрелите што се слушнаа во зградата“, се вели во полициското соопштение.
Полицијата апелираше до жителите да ги следат упатствата на полицајците.
Повикувајќи се на Kronen Zeiteung, Дер Стандард соопшти дека во пукањето се убиени најмалку пет лица.
Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF го цитираше Министерството за внатрешни работи, кое потврди неколку смртни случаи.