Background

Aвионот имал инцидент и ден пред драмата над македонското небо?

Драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун кон германскиот Меминген доби нов заплет откако се откри дека истиот авион имал уште еден проблем само 24 часа претходно.

Според објавата на српски Мондо, кој пак, се повикува на тековната истрага, авионот „Боинг 737“ ден пред инцидентот над Македонија полетал од Солун кон Сараево, но набргу бил принуден да го прекине летот и да се врати на аеродромот од кој полетал.

Ројтерс во саботата објави дека истиот авион го прекинал летот за Сараево ден претходно, повикувајќи се на податоци од Флајтрадар24 и неименуван извор. Засега не е познато што точно го предизвикало враќањето на авионот, ниту дали тој настан има каква било врска со драмата што следела следниот ден.

- Advertisement -
Ad image

Најголемо внимание предизвика инцидентот што се случил над македонскиот воздушен простор, кога, според досегашните информации, дошло до оштетување на прозорец на авионот на лет од Солун за Меминген во петокот, 10 јули.

Првичните наоди упатуваат дека дел од моторот можеби се оштетил, по што метален фрагмент го погодил прозорецот. Поради тоа дошло до декомпресија на кабината.

Во тие моменти во животна опасност се нашол српскиот државјанин Љубиша Каровиќ. Според сведоштва на патници, силата на воздухот го повлекла кон оштетениот дел од авионот, а трагедијата била избегната благодарение на неговата сопруга и неколку патници кои успеале да го задржат и да го извлечат назад во кабината.

По инцидентот авионот кружел извесно време, а потоа се вратил во Солун.

Истрагата ја води Македонија бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор. Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти потврдија дека согласно правилата на ИКАО, побарале поддршка од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB).

Американската агенција веќе назначила свој акредитиран претставник кој ќе учествува во постапката заедно со македонските истражители.

Производителот „Боинг“ соопшти дека ќе ја поддржи истрагата и ќе соработува со надлежните органи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation