Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани за позицијата ја предложи гувернерот Трајко Славески.
Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.
Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка” АД Скопје и „Стопанска банка” АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.
Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.
– Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој – велат од Народна банка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
