Родителите на светската музичка ѕвезда Дуа Липа, Анеса и Дукаѓин Липа, го привлекоа вниманието на јавноста откако беа снимени на концертот на Дино Мерлин во Црна Гора.
Легендарниот босански пејач настапи пред околу 700 гости во луксузен комплекс над Бока Которска, а билетите за концертот биле распродадени за само час и половина.
Меѓу присутните биле и родителите на трикратната добитничка на Греми, кои по долгогодишниот живот во Лондон, каде што е родена и Дуа Липа, пред извесно време се вратиле во родната Приштина.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Анеса и Дукаѓин на глас ги пеат најголемите хитови на Дино Мерлин, меѓу кои „Je l‘ Sarajevo gdje je nekad bilo“, „Bosnom behar probeharao“, „Jorgovani“, покажувајќи колку се емотивно поврзани со музиката која ги обележа генерациите во регионот.
Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, каде што нејзините родители се преселиле од Косово во почетокот на 1990-тите години. Иако многумина мислат дека Дуа е нејзино уметничко име, тоа е нејзиното вистинско име, кое на албански значи „љубов“, а ѝ го дала нејзината баба.
Нејзиниот татко Дукаѓин Липа и самиот бил музичар и член на косовската група „Ода“, а Дуа во повеќе наврати истакнала дека токму тој имал најголемо влијание врз нејзиниот музички вкус, бидејќи дома слушала уметници како Дејвид Боуви, Стинг, Рејдиохед и Боб Дилан.
По неколку години поминати во Приштина, пејачката повторно се вратила во Лондон за да ја гради својата кариера, во што и успеа па денес е меѓу најголемите поп-ѕвезди во светот.
Видеото од концертот уште еднаш покажа дека, без разлика на светската слава, семејството Липа не ги заборава балканските музички корени.
Дуа Липа е најстарото дете во семејството, таа има помлада сестра, Рина Липа, која се занимава со манекенство и глума, и брат, Џино Липа.


Иако мајката на Дуа, Анеса, пораснала во Приштина, биографските информации укажуваат дека нејзината мајка, а баба на Дуа, има бошњачко потекло.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
