Американскиот Сенат синоќа усвои резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД, со која би се ограничила можноста претседателот Доналд Трамп самостојно да носи одлуки за воени дејствија.
Резолуцијата која допрва оди на гласање во Претставничкиот дом, доаѓа во време кога САД е во отворена војна против Иран и отвора можности за запирање на војната.
Резолуцијата беше изгласана со 50 гласа „за“ и 47 „против“.
Особено внимание привлече фактот што четворица републиканци гласаа заедно со демократите.
Поддржувачите на резолуцијата сметаат дека според американскиот Устав токму Конгресот, а не претседателот, има овластување да испраќа американски трупи во војна.
Со документот практично се бара секоја нова ескалација со Иран да биде одобрена од законодавниот дом.
Иако Сенатот ја усвои резолуцијата, таа сè уште не е конечна. Следува гласање и во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците.
Дополнително, Трамп може да стави и претседателско вето.
Сенаторот Тим Кејн, кој е предлагач на резолуцијата, изјави дека актуелниот прекин на огнот отвора простор Трамп своите аргументи да ги претстави пред Конгресот.
– Претседателот треба да го образложи секој чекор пред американските претставници – порача Кејн.
Гласањето се толкува како нов сигнал за растечка загриженост во Вашингтон околу можноста САД повторно да влезат во поширок конфликт на Блискиот Исток.
Одлуката покажува и дека дел од републиканците не сакаат Белата куќа самостојно да одлучува за нови воени операции против Иран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
