Background

Американската компанија „Тесла“ е во напредни преговори со Бугарија за реализација на три големи проекти за складирање електрична енергија

Американската компанија „Тесла“ е во напредни преговори со Бугарија за реализација на три големи проекти за складирање електрична енергија, објави бугарскиот пратеник Делјан Добрев. Според него, проектите би се реализирале во Стара Загора, Тврдица и Велико Трново.

– Јас и колегите сме во напредни разговори со „Тесла“. Имаме постигнато договори да направиме три многу големи проекти за складирање во Бугарија – изјави Добрев за „Фокус“.

Тој не ги откри деталите за капацитетот и вредноста на трите проекти, но оцени дека инвестицијата во Велико Трново ќе биде една од најголемите од ваков вид во Европа.

- Advertisement -
Ad image

– Овој во Велико Трново ќе биде еден од најголемите во Европа. Се гордeеме што една од најголемите компании во светот, со најдобрата технологија за складирање електрична енергија, ја убедивме дека вреди да направи ваква инвестиција во Бугарија – рече Добрев.

Според него, Бугарија во последната година станала светски лидер во системи за складирање електрична енергија, со инвестиции од повеќе од три милијарди евра. Тој тврди дека повеќе од 90 отсто од овие инвестиции се од бугарски претприемачи и компании.

Добрев објасни дека батериските системи овозможуваат складирање на евтината електрична енергија произведена или увезена во текот на денот, а нејзино пласирање на пазарот во вечерните часови, кога побарувачката и цените се повисоки. Според него, Бугарија со тоа може да стане енергетски центар за Централна и Источна Европа.

– Во текот на денот увезуваме електрична енергија од соседните држави по цени блиски до нула, ја складираме, а навечер ја извезуваме поскапа, дури до Унгарија – изјави тој.

Добрев смета дека развојот на системите за складирање мора да оди паралелно со изградбата на нови соларни и ветерни електрани. Според неговата проценка, ваквите системи можат да се изградат за шест до 12 месеци, додека соларните проекти бараат околу две години, а ветерните три до четири години за развој и изградба.

Според познавачите, доколку преговорите бидат успешно завршени, проектите би претставувале значително проширување на присуството на „Тесла“ во Бугарија, особено во секторот за складирање енергија, кој станува сè поважен со зголемувањето на производството од обновливи извори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation