Американската војска објави дека на полноќ соборила два ирански дрона над Ормускиот теснец. Како што објави Централната команда на американската армија (Centcom), што претставувало закана за меѓународниот превоз во теснецот.
Централната команда на американската армија (Centcom) објави дека соборила два ирански дрона над Ормускиот теснец бидејќи претставувале закана за меѓународниот превоз.
„Американските сили остануваат подготвени за понатамошна одбрана од иранската агресија“, додаде Centcom во објава на социјалната мрежа X.
САД и Иран, и покрај прекинот на огнот, кој е во сила од 8 април, продолжија да се гранатираат едни со други во саботата. Американската армија објави дека соборила неколку ирански дронови, а потоа нападнала радарски објекти во Ормускиот теснец.
Иран подоцна испали балистички ракети кон Кувајт и Бахреин. Според Техеран, цел на нападот биле американските воени бази во земјите од Персискиот Залив. Американската војска објави дека повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана.
Tagged as:
Американската армија собори ирански дрон над Ормускиот теснец
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
