Централно-десничарската Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Феихо ќе има најмногу пратенички места и заедно со крајнодесничарската Вокс би можеле да освојат апсолутно мнозинство во парламентот, покажуваат резултатите од излезните анкети од денешените предвремени парламентарни избори во Шпанија.
Според податоците што ги објави шпанскиот јавен тв сервис РТВЕ, ПП би освоила 32,2 отсто од гласовите што значи од 129 до 134 пратенички места, плус два мандата од нејзиниот сојузник УПН, додека Вокс би имала 16,2 отсто од гласовите односно од 44 до 48 пратеници.
Заедно десничарската коалиција би имала меѓу 175 и 184 пратеници, што е над прагот од 176 места потребни за апсолутно мнозинство во Конгресот на пратениците.
Според проценките на анкетата, математички е малку веројатно десничарскиот блок да остане под прагот за апсолутно мнозинство.
Шпанската Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез е втора со 28,8 отсто од гласовите, што е за три процентни поени помалку во споредба со изборите во 2023 година. Социјалистите ќе освојат меѓу 119 и 124 пратенички места, резултат близок до 121 мандат што го освоија на претходните избори.
Растот на десничарскиот блок, кој би освоил речиси 49 отсто од гласовите, ќе ги спречи социјалистите повторно да обезбедат поддршка од другите партии за формирање влада и за реизбор на Санчез за премиер.
Доколку кон ПСОЕ на Санчез се додадат и останатите политички формации, со исклучок на каталонската партија Јунтс, опозицискиот блок би имал меѓу 159 и 169 пратеници, што не е доволно за мнозинство.
Право да гласаат на изборите во Шпанија имаа 38,7 милиони граѓани. Се гласаше за 350 пратенички места во Конгресот на пратениците (долниот дом на парламентот), како и за 208 од 266 членови на Сенатот.
Преговорите за владејачката коалиција немаат рок, но новата влада мора да се формира во рок од два месеца од гласањето, за да се избегнат нови избори.
Централно-десничарската Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Феихо на Шпанците им ветува економски и институционални реформи, намалување на даноците, изградба на еден милион нови станови и поголема финансиска поддршка за младите семејства. Во нејзината програма се предвидени и построга миграциска политика, побрзи депортации на нелегалните мигранти, заштита на пензиите, повеќе инвестиции во здравството и инфраструктурата, како и намалување на јавната администрација. Феихо најавува и борба против корупцијата, реформа на судството и укинување на амнестијата за каталонските сепаратисти, залагајќи се за посилно национално единство и поголема контрола врз државните финансии.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
