Background

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека првите 20 училишта во Тирана се комплетно опремени со системи на интелигентни камери со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека првите 20 училишта во Тирана се комплетно опремени со системи на интелигентни камери со вештачка интелигенција, како почетна фаза од големиот државен проект за радикално зајакнување на безбедноста во образовните институции низ цела Албанија.

Оваа технолошка модернизација доаѓа како директно исполнување на ветувањето кое шефот на албанската влада го даде по потресниот настан во кој 14-годишниот ученик Мартин Цани го загуби животот по физички конфликт со врсници во близина на училиштето „Фан Ноли“ во Тирана. Рама призна дека претходните системи за видеонадзор биле застарени и целосно немоќни навремено да сигнализираат за инциденти или да помогнат во расветлување на нивната динамика.

Мартин, талентиран млад фудбалер во подмладокот на клубот Партизани, го загуби животот откако беше нападнат и избоден со нож за време на физички конфликт помеѓу врсници. Во истиот инцидент со тешки повреди заврши и негов соученик. Нападот го изврши негов врсник (Марио Прлешај), кој во тоа време исто така имаше 14 години. Судот во Тирана го прогласи сторителот за виновен за кривичното дело „убиство под отежнувачки околности“. Во јули 2026 година, Апелациониот суд ја потврди пресудата со која тој е осуден на 16 години затвор.

- Advertisement -
Ad image

Оваа трагедија предизвика масовни граѓански протести во Албанија, остар револт против институциите поради безбедноста во училиштата, и беше директен повод албанската влада и премиерот Еди Рама итно да го започнат проектот за инсталирање на вештачка интелигенција и паметни камери во училиштата.

Реално време и директна врска со полицијата

За разлика од старите камери кои само пасивно снимаа, новата генерација паметни камери работи со софтвер базиран на вештачка интелигенција (ВИ), изработен од страна на Министерството за внатрешни работи. Системот автоматски детектира сомнителни однесувања и аномалии, испраќајќи аларми во реално време до три клучни точки: до училишните директори и раководството, до официрите за безбедност во самите објекти и до државната полиција и Националниот центар за мониторинг.

Ова овозможува итна реакција и интервенција на надлежните уште пред препирките да ескалираат во сериозно насилство. Покрај физички пресметки и влез на неовластени лица од надвор, камерите имаат способност автоматски да идентификуваат и помали прекршоци, како што е пушењето тутун во училишните дворови.

– Овие 20 училишта се само авангарда на целиот процес. Обврската што ја презедовме ќе ја спроведеме до крај – училиште по училиште низ целата земја. Технологијата мора да биде во служба на човештвото, а безбедноста на нашите деца пред сè – рече Рама.

На удар се само заедничките простории, не и училниците

За време на посетата на гимназијата „Партизани“, премиерот Рама појасни дека новите камери се поставени исклучиво во заедничките простории – како дворовите, ходниците и влезовите, но не и внатре во училниците.

Ова е направено со цел строго да се почитуваат стандардите за приватност усогласени со регулативите на Европската Унија. Во првата фаза се опфатени училиштата со најголем број ученици, каде што фреквенцијата и ризикот се највисоки. Во зависност од големината на објектот, во секое училиште се инсталирани помеѓу 11 и 31 камера.

Пакет мерки за почетокот на учебната година

Воведувањето на камерите е само еден сегмент од пошироката стратегија на Министерството за образование за новата учебна година. Заедно со технологијата, воведени се и следните засилени мерки:

– Строг училиштен кодекс за облекување и однесување.

– Забрана за употреба на мобилни телефони за време на настава.

– Забрана за нездрава храна во училишните простории.

– Повеќе безбедносен кадар, односно дополнителни 90 обучени офицери за безбедност ќе бидат сертифицирани и распоредени во училиштата.

– Полициски патроли. Државната полиција ќе воспостави редовен физички надзор околу училиштата во три клучни периоди од денот – пред почетокот на наставата, за време на големиот одмор и по завршувањето на часовите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation