Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“.
Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност во Државната полиција, Димитрак Зиу, изјави дека засилени мерки ќе бидат преземени долж крајбрежјето и на главните патни правци, со цел одржување на јавниот ред и спречување инциденти во текот на летото.
– Покрај зголеменото присуство на полициски службеници, ќе бидат поставени и неколку привремени полициски станици во Валбона, во Тет, во Коман, во Тале, во Заливот Лалзи и во Ксамил. Ова се однесува и на планинскиот туризам, а не само на крајбрежниот туризам – изјави Зиу.
За да се обезбеди безбедна и мирна туристичка сезона за туристите, полицијата ќе соработува и со полициски служби од соседните земји.
– Меѓународната полициска соработка во текот на летото ќе ги опфати Косово, Црна Гора, Италија и Македонија. Полициски службеници од Државната полиција се испраќаат на заеднички патроли, а полициски единици од овие земји исто така доаѓаат во нашата земја – рече тој.
Во текот на туристичката сезона, на патиштата ќе бидат ангажирани радарски системи и најсовремена технологија за следење на движењето на возилата, со цел да се спречат прекршувања на сообраќајните прописи кои можат да доведат до сообраќајни несреќи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
