Актерот Руперт Еверет откри дека трпи сериозни последици поради набилданата градба што претходно се трудел да ја постигне. Актерот глумеше и во неколку популарни филмови во 90-тите, меѓу кои и „Свадбата на мојот најдобар пријател“ од 1997 година, во која глумеше заедно со Џулија Робертс. Тогаш Еверет сакал да изгледа, според него, идеално, и вложил многу време во градење на својата фигура и подобрување на формата.
Сепак, сето тоа, вели, го чинело во подоцнежните години.
– Се уништив себеси. Сега сум поради тоа речиси инвалид. Никогаш не можев да се трудам да ги правам сите оние работи, како што се истегнување, кои беа неопходни за кревање тегови, бидејќи тетивите стануваат сè позатегнати и позатегнати. Толку досадно. Не правев ништо од тоа. Така, сега мојот крај ќе биде мускулно-коскен – рекол тој и потсетувајќи се на својата слава како филмска ѕвезда, додал: „Во еден момент изгледав прекрасно, имав мускули, имав се“.
Неговата слава, сепак, не траеше долго.
– Тоа беше прилично краткотрајно. Ја нарекувам мојата холивудска година – признал актерот, кој исто така истакнал дека се чувствувал несигурен на врвот на кариерата, и покрај неговиот добар изглед.
Еверет денес не оди во теретана и открива дека единствен начин на вежбање му е шетањето на кучето. Тој се смирил и кога станува збор за забава и употреба на дрога.
– Веќе не ме интересира речиси ништо. Ме интересираат честички прашина и такви работи. Би можел да седам сосема задоволно и само да ја гледам пролетта – рекол актерот кој денес поголемиот дел од времето го поминува со својот сопруг Хенрике, со кого се венчал во 2024 година.
Tagged as:
Актерот Руперт Еверет откри дека трпи сериозни последици поради набилданата градба што претходно се трудел да ја постигне. Актерот глумеше и во неколку популарни филмови во 90-тите во која глумеше заедно со Џулија Роберт меѓу кои и „Свадбата на мојот најдобар пријател“ од 1997 година
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
