Актерката Сидни Свини го крена интернетот на нозе со својот најнов маркетиншки трик – сапун направен од нејзината сопствена купка!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актерката Сидни Свини го крена интернетот на нозе со својот најнов маркетиншки трик – сапун направен од нејзината сопствена купка! Да, добро прочитавте. Овој бизарен потег на 27-годишната ѕвезда од сериите „Еуфорија“ и „Белиот лотос“ стана инстант хит, а сапуните, кои оригинално се продаваа по цена од само 8 долари, сега достигнуваат цена и до 2000 долари на иБеј. Некои примероци „скромно“ одат за 100 долари, но јасно е дека побарувачката е голема, бидејќи станува збор за ограничено издание од само 5.000 сапуни.

Сè започна кога Сидни стана новото лице на природната козметика „Др. Сквоч“, а во рекламата за брендот, која ја сними додека заводливо позираше во када, ги поздрави гледачите со реченицата: „Здраво, вие валкани момчиња, дали сте заинтересирани за мојата купка?“

Во соработка со брендот, беа произведени 5.000 сапуни под името Bathwater Bliss, направени од водата од нејзината вистинска купка. Кога беа пуштени во продажба на 6 јуни, исчезнаа од полиците за неколку секунди. Страницата се „урна“, а брендот „Др. Сквоч“ објави: „

– Ја „урнавте“ нашата страница. Лансирањето на Bathwater Bliss од Сиднеј беше лудо! Ви благодариме за вашата поддршка!

Во интервју за магазинот „Џеј Кју“, актерката откри како било зад сцената: „Кога ја снимавме кампањата, всушност се искапав – сапун, пена, топла вода и тие ја зедоа таа вода. Тоа е буквално мојата купка“, рекла Сидни. А мирисот на сапун? Според нејзината желба: бор, мов, чемпрес – сите природни и, како што вели таа, „машки“.

Обожавателите очигледно полудеа по сапунот на убавата актерка, а останува да се види дали брендот ќе издаде повеќе парчиња.

Share This Article