Агентите на американската гранична полиција вчера поставија бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во сојузната држава Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агентите на американската гранична полиција вчера поставија бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во сојузната држава Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, пренесува „Франс прес“.

Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој во понеделникот се враќа во Белата куќа.

– Ова е второ затворање што го гледам за една недела – изјави за Франс прес, Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.

Сиудад Хуарез е една од точките што САД ги овластија за мигрантите да поднесуваат барања за азил преку апликацијата „ЦБП еден“. Овој механизам, кој Доналд Трамп вети дека ќе го елиминира, помогна да се намали бројот на илегални преминувања.

По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно депортирање мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.

– Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико – изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи на чело на американското Министерство за домашна безбедност.

Министерството кое  ќе го води Ноем ќе биде одговорно за контрола на имиграцијата.

Share This Article