Откако ГФК Охрид Лихнидос го совлада Осогово со 0:2, клубот ја заврши есента на првото место, но кај играчите расте незадоволство поради плати, премии и услови.
ГФК Охрид Лихнидос стана есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го ФК Осогово во Кочани со 0:2. Но проблемите што се таложат подолг временски период останаа нерешени.
Пред самиот крај на есенскиот дел, клубот објави соопштение што ја изненади фудбалската јавност во државата. На својата официјална Фејсбук-страница во петок, 27 ноември 2026 година, соопшти:
„ГФК Охрид Лихнидос ја известува јавноста дека ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, поради непрофесионално однесување кое не е во согласност со принципите, вредностите и дисциплината што ги негува нашиот клуб. Клубот секогаш ги става тимскиот дух, почитта и професионалниот однос на прво место.“
Соопштението не објаснува што точно претставува „непрофесионално однесување“. Според информации од внатре во клубот, зад него стои поширока слика: проблеми со исплатата на платите, изостанување на премии и растечки револт меѓу играчите. Голем дел од нив се семејни луѓе за кои фудбалот е единствен извор на приход, а меѓу нив е и посочениот фудбалер Валентин Кочоски. Според истите информации, условите во секојдневието се на ниско ниво: наместо флаширана вода, на играчите им се полни вода од чешма во шишиња, а нема суплименти, енергетски пијалоци ниту овошје.ГФК Охрид Лихнидос е единстевниот фудбалски клуб од кој има два играчи во Македонската репрезентација У21,еден во У15,а во најава се и два репрезентативци во првта екипа на македонската репрезентација,со што дава јасна слика дека ГФК Охрид Лихнидос има најака екипа со најслаби услуви..
Проблемите во комуникацијата меѓу управата и играчите не се новост. И минатата сезона, кога клубот се искачи на врвот на есенскиот дел, се појавија непотребни проблеми,меѓусебни кавги помеѓу управата и фудбалерите и кулминација непотребна рсправија со првите лица на ФФМ, па сезоната заврши во „златна средина“, а не на првото место.
Следува пауза во која сите фудбалери се слободни. Засега не е познато дали дел од играчите ќе го напуштат клубот, но е очекувано дека поголемиот дел, за да останат, ќе постават други услови и барања.
Објавувањето ваков статус на социјалните мрежи е несвојствено за сериозен клуб што претендира за Првата лига и укажува на проблеми во самиот клуб. Прашањето е дали управата ќе одговори на нив јавно, а не со соопштенија по пат на објави на социјални мрежи..
П.С. Дадените шанси на некого не се подарок, туку одговорност. Прашањето е дали управата тоа го разбира.
С.Д.-Охридскај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
