Актуелниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху е подготвен да му отстапи на Гади Ајзенкот прв да ја преземе премиерската функција во влада на национално единство. Лидерот на Ликуд би ја извршувал функцијата заменик-премиер во почетниот дел од мандатот, објави „Тајмс оф Израел“.
– Ликуд под мое водство е убедливо најголемата партија во земјата – има четвртина милион повеќе гласови од партијата на Ајзенкот. Би било природно за мене да водам влада на национално единство или, барем, прв да ја преземам премиерската функција – наведе Нетанјаху во изјавата.
Тој ја образложи отстапката со егзистенцијалните закани со кои, според него, се соочува Израел.
– Мојата одговорност како лидер бара од мене да оставам сè настрана, вклучително и принципот најголемата партија да ја води владата, и да се согласам Гади Ајзенкот прв да биде премиер, додека јас ќе бидам заменик-премиер на почетокот на мандатот – додаде Нетанјаху.
Лидерот на Ликуд очекува неговата понуда да ги забрза преговорите за формирање влада на национално единство. Тој побара и другата страна да покаже подготвеност за компромис и за отстапки.
Tagged as:
НЕТАНЈАХУ МУ НУДИ ИСТОРИСКА ОТСТАПКА НА РИВАЛОТ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
