Background

ШПАНИЈА ГЛАСА В НЕДЕЛА, ДЕСНИЦАТА МОЖЕ ДА НАПРАВИ ПРЕСВРТ

Шпанците утре излегуваат на предвремени парламентарни избори по серијата политички и социјални кризи во земјата. Народната партија на Алберто Нуњез Фејо води во повеќето предизборни анкети.

Според истражувањето објавено во понеделникот во шпанскиот печат, Народната партија и крајнодесничарската Вокс заедно имаат проекција од 187 пратенички мандати, 11 над прагот за апсолутно мнозинство.

Анкетата на „40дБ“ за „Ел Паис“ ѝ дава на Народната партија 31,8% од гласовите и 130 мандати. Социјалистичката работничка партија на премиерот Педро Санчез има 30,9% и 124 мандати, додека Вокс има 17,3% и 57 мандати, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

- Advertisement -
Ad image

Од останатите истражувања се издвојува анкетата на државниот Центар за социолошки истражувања од 23 ноември. Таа им дава на социјалистите 34,4% од гласовите, додека на Народната партија 24,7%.

Фејо претпочита да формира малцинска влада со парламентарна поддршка од Вокс. Лидерот на Народната партија не ја исклучува можноста за коалиција со партијата на Сантијаго Абаскал.

Доколку Вокс влезе во владата, тоа ќе биде прво учество на крајнодесничарска партија во шпанската извршна власт по крајот на диктатурата на Франциско Франко во 1975 година.

Смртта на пензионерка поттикна протести

Санчез ги распиша предвремените избори по поразот во Конгресот на 2 октомври. Пратениците отфрлија 2 владини декрети за заштита на закупците и за регулирање на кириите.

Кризата ја продлабочи случајот со 87-годишната Марикармен Абаскал. Пензионерката на 23 септември беше иселена од станот во Мадрид во кој живеела од 1956 година.

Новиот сопственик, инвестициска компанија, барал кирија 3 пати повисока од нејзината пензија. Иако редовно ја плаќала старата кирија, судовите утврдиле дека нејзиниот наследен договор бил истечен.

Пензионерката почина на 7 октомври, по две недели поминати во болница. Нејзиното иселување и смрт поттикнаа протести низ Шпанија.

Владата на Санчез се соочува и со серија корупциски скандали. Поранешниот министер за транспорт Хозе Луис Абалос во јуни беше осуден на 24 години затвор за корупција. Неговиот наследник во партиската организација, Сантос Сердан, беше притворен поради сомнение за поткуп.

Сопругата на премиерот, Бегоња Гомез, чека судење за злоупотреба на влијанието. Санчез ги оценува постапките против членовите на неговото семејство како прогон.

Фејо и Вокс сè уште без договор

Народната партија освои најмногу гласови и на парламентарните избори во 2023 година. Со поддршка од регионалните партии, Санчез тогаш обезбеди мнозинство за нов мандат.

Вокс на претходните избори освои 33 пратенички места. Последните анкети пред законската забрана за нивно објавување покажуваат значително зголемена поддршка за партијата на Абаскал.

Фејо минатата година ја исклучуваше можноста за коалиција со Вокс. Во јуни првпат ја прифати таа опција, наведувајќи дека составот на владата ќе зависи од гласачите.

Народната партија најави укинување на амнестијата за каталонските сепаратисти. Партијата ќе ја утврди и висината на трошоците за одбрана по ревизија на државните финансии.

Санчез, кој е премиер од 2018 година, претходно договори исклучок за Шпанија од целта на НАТО за издвојување 5% од бруто-домашниот производ за одбрана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖