Грчката крајбрежна стража, во соработка со Фронтекс, во текот на последните 48 часа спаси 280 луѓе кои се наоѓале на најмалку шест пловни објекти помеѓу островите Крит и Гавдос, објавија грчките медиуми во петокот.
Како што пренесува новинската агенција ДПА, спасените мигранти се пренесени во различни пристаништа на јужниот брег на Крит. Во операциите за спасување биле користени беспилотни летала (дронови) со кои управувала Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), а кои лоцирале неколку пловни објекти на отворено море.
Сè поголем број мигранти тргнуваат од либискиот брег кон Крит, при што либискиот град Тобрук е идентификуван како најчеста почетна точка.
Грчкиот министер за миграција, Танос Плеврис, изјави дека, според достапните информации, повеќе од половина милион луѓе се подготвуваат од таму да преминат во Европа.
Бројот на пристигнувања во 2026 година веќе ги надмина бројките од минатата година. Според податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), од почетокот на годината до 22 ноември се регистрирани речиси 25.000 луѓе.
Хуманитарната организација „Refugee Support Aegean“ (RSA) забележала вкупно 20.187 пристигнувања на Крит и Гавдос во текот на целата мината година, наведува ДПА.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
