Background

ГРЦИЈА ПОКАЖА ДЕКА РУДАРСТВОТО МОЖЕ ДА БИДЕ ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМИЈАТА

Локалната иницијатива „И здравје и работа“, која се залага за економски развој на Струмичкиот регион, отворање нови работни места и реализација на инвестиции, смета дека Македонија не смее да остане настрана од современите развојни процеси во рударскиот сектор, ниту да дозволи нејзиниот инвестициски потенцијал да остане неискористен.

Развојот на рударството во соседните земји, особено примерот со рудникот за злато и бакар Скуриес на Халкидики, Грција, кој почнува со производство, покажува дека стратешките инвестиции во минералните ресурси можат да бидат важен дел од економската перспектива на една земја. Во време кога државите се натпреваруваат за инвестиции, работни места, капитал и економска конкурентност, Македонија треба да го преиспита својот пристап кон развојот на рударскиот сектор и потенцијалот што го поседува.

Рударството не треба да се гледа како спротивност на другите економски гранки. Примерите од регионот покажуваат дека рударските инвестиции и земјоделството, туризмот, индустријата и услужните дејности можат да постојат паралелно и да придонесуваат за економскиот развој. Развојот на еден сектор не мора да значи ограничување на другиот. Напротив, новите инвестиции создаваат можности за локалните компании, побарувачка за услуги, инфраструктурен развој, нови работни места и дополнителни економски активности.

- Advertisement -
Ad image

Паралелно, неопходно е да се надминат и разбијат митовите и стравовите за наводните неизбежни и катастрофални последици од рударството врз животната средина. Современите рударски технологии, високите стандарди за заштита и континуираниот мониторинг овозможуваат развој на рударски проекти со минимално влијание врз природата, при што заштитата на животната средина мора да биде составен дел од планирањето, реализацијата и работењето на секој проект.

За Струмичкиот регион, реализацијата на инвестиции како рударскиот проект Иловица-Штука претставува потенцијал за нов економски импулс, отворање работни места и поголеми можности за локалниот бизнис. Во регион во кој граѓаните очекуваат перспектива, економска сигурност и можност за професионален развој, неопходно е да се разговара за сите потенцијални инвестиции врз основа на факти, долгорочни придобивки и одговорни развојни политики.

„И здравје и работа“ смета дека должност на креаторите на политики е да имаат јасна и долгорочна визија за економскиот развој на државата, но и храброст да носат одлуки за стратешки важни проекти. Одлуките не смеат да се сведуваат на краткорочни политички интереси или на одржување на статус кво, особено кога станува збор за инвестиции кои можат да имаат значајно влијание врз економијата, локалните заедници и идните генерации.

Македонија има потенцијал, но потенцијалот сам по себе не создава развој. Развојот бара визија, институционална одговорност, предвидливост и одлуки.

Иловица-Штука и другите стратешки инвестиции во рударството заслужуваат институционален пристап кој ќе овозможи нивна процена, одлучување и постапување врз основа на законите, стручните анализи и долгорочниот интерес на државата и граѓаните.

Соседите инвестираат, развиваат и ги активираат своите ресурси. Македонија не смее да си дозволи да остане во чекалница на сопствениот економски развој. Време е потенцијалот да се претвори во реални инвестиции, нови работни места и економски можности за граѓаните, порачуваат од „И здравје и работа“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖