Background

КИДНАПИРАН ГРАДОНАЧАЛНИК БИЛ ДРОГИРАН И СНИМЕН ВО ПОНИЖУВАЧКИ СИТУАЦИИ

Градоначалникот на романскиот град Баја Маре бил киднапиран во стан во Букурешт, каде што, според истрагата, бил присилно дрогиран, врзан и сниман во понижувачки ситуации. Тројца осомничени се уапсени, а судот им одредил 30-дневен притвор. Групата, според обвинителството, планирала да ги користи снимките за уцена и да го принуди градоначалникот да исполнува нивни барања.

Во случајот се осомничени двајца мажи на возраст од 32 и 34 години, кои се членови на исто семејство, и 34-годишна жена. Тие се товарат за формирање организирана криминална група, уцена, противправно лишување од слобода и обид за силување. Двајца од нив, мажот и жената, се осомничени и за трговија со опасни наркотични дроги.

Според романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризмот (DIICOT), групата била формирана во текот на 2026 година со цел да врши притисок врз лица со моќ на одлучување и влијание, за да ги натера да ги исполнуваат нејзините барања.

- Advertisement -
Ad image

Истрагата покажала дека двајцата мажи поседувале повеќе компании кои биле казнети поради утврдени неправилности, а нивното работење привремено било прекинато по интервенција на службеници од градската администрација. Тие, според обвинителството, сметале дека за тоа е одговорен градоначалникот, кој постапувал во рамките на своите службени овластувања.

Во септември 2026 година, 32-годишниот осомничен наводно ѝ наложил на жената да стапи во контакт со градоначалникот на Баја Маре и да го намами во стан во Букурешт.

Киднапирање, закани и присилно дрогирање

Настанот се случил во ноќта меѓу 28 и 29 септември. Откако градоначалникот пристигнал на договорената адреса, двајца мажи со фантомки го совладале и го врзале, заканувајќи му се со нож и електрошокер.

За да го спречат да повика помош, во устата му ставиле предмет што служел како затка. Делумно му ја исекле облеката и се обиделе сексуално да го нападнат, но биле прекинати откако слушнале бучава пред вратата на станот.

Потоа, според истрагата, двајца од осомничените го принудиле да шмрка кокаин, кој жената претходно го набавила специјално за таа цел.

Осомничените го снимиле целиот настан, вклучително и моментите во кои градоначалникот бил изложен на понижување и присилно консумирал дрога. Снимките планирале да ги искористат како средство за уцена.

Според обвинителството, со ваквите закани го принудиле градоначалникот да помогне 34-годишниот осомничен да се зачлени во политичка партија, како и да побара од новинар да отстрани повеќе видеоснимки од своите профили на социјалните мрежи. Во нив, новинарот зборувал критички за семејството на осомничените и нивните бизниси.

Жртвата наводно ги прифатила барањата и ги исполнила во периодот што следувал.

Уапсени тројца осомничени, одреден им е притвор

Романската полиција и обвинителството извршиле седум претреси во Букурешт и Баја Маре. При претресите биле пронајдени и одземени предметот со кој му била затната устата на градоначалникот, електрошокер, клуч за лисици и други докази.

Тројцата осомничени биле задржани, а судот во Букурешт им одредил притвор во траење од 30 дена.

Истрагата ја воделе обвинителите на DIICOT во соработка со полициските служби за криминалистички истраги.

Се огласи и градоначалникот: „Нема да дозволам да ме уценуваат“

Градоначалникот на Баја Маре, Јоан Дору Данкуш, се огласи на „Фејсбук“ и потврди дека бил жртва на киднапирање и обид за уцена. Навел дека долго размислувал дали јавно да проговори за случувањата, бидејќи не сакал да бара сожалување.

– Нема да дозволам да ме уценуваат и нема да бидам жртва на мафијашки кланови кои се обидуваат од сенка да управуваат со градот Баја Маре. Јас сум обичен човек, но истовремено сум и градоначалник на овој град и имам обврска да ја кажам вистината – смирено и во вистинско време, без детали што би можеле да ја попречат истрагата – напишал Данкуш.

Тој навел дека осомничените погрешно процениле дека можат да го заплашат, понижат и принудат да им обезбеди нешто што е спротивно на законот и на неговата совест.

Според неговите зборови, од него барале влијание, дозволи за нелегално изградени објекти, помош во судските постапки што градската администрација ги водела против нив, како и поддршка за други незаконски активности.

– Кога сфатиле дека не можат да го добијат тоа преку поткуп, се обиделе да ме уценуваат. Кога виделе дека не подлегнувам на уцените, се обиделе да ги остварат своите намери со методи достојни за најниските мафијашки кругови – напишал градоначалникот.

Тој потврдил дека бил незаконски задржан, врзан со лисици и изложен на понижување за да се создаде материјал со кој подоцна би бил уценуван.

– Ниту на тој начин не успеаја да ме скршат! Го направив она што го прави човек кој нема што да крие и за што да преговара – отидов кај надлежните органи – навел Данкуш.

Градоначалникот додал дека нема да открива повеќе детали за случајот, бидејќи не сака дополнително да ја вознемирува својата фамилија, особено децата. Според него, неговите најблиски во последните месеци тешко ги поднесувале обидите на групата да изврши притисок врз него.

Тој им се заблагодарил на семејството, соработниците и граѓаните за поддршката и порачал дека ќе продолжи да ја извршува градоначалничката функција.

– Последниот збор им припаѓа на обвинителите и судиите, во кои имам доверба. Верувам дека во правна држава никој не може да биде над законот, без оглед на тоа колку влијателен се смета или какви врски тврди дека има – порачал Данкуш.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖