Background

ТИДАЛ ВОВЕДУВА ЗАБРАНА ЗА АИ-МУЗИКА Платформата ќе отстрани 29 милиони песни создадени со вештачка интелигенција

Музичката стриминг-платформа „Тидал“ најави дека ќе отстрани околу 29 милиони песни создадени целосно со вештачка интелигенција. Мерката ќе почне да се применува на 9 декември, а платформата очекува песните да исчезнат од каталогот до почетокот на 2027 година. Истовремено, ќе одбива и нови такви објави, што според процените на компанијата може да значи од 80.000 до 85.000 песни дневно.

Од „Тидал“ велат дека претходните мерки, со кои целосно генерираните песни биле означувани и лишувани од приходи, не биле доволни. Во последните 90 дена, 43 отсто од песните доставени до платформата биле идентификувани како целосно создадени со АИ. На 6 ноември, уделот на таквите песни во новите испораки надминал 60 отсто.

Иако бројот на песни постојано расте, нивната слушаност е мала. Според податоците на компанијата, 96 отсто од песните означени како целосно генерирани со АИ немале ниту едно преслушување во претходните три месеци. Околу 27 милиони такви песни веќе биле идентификувани во каталогот, што претставува приближно 6,3 отсто од целата музичка понуда.

- Advertisement -
Ad image

Новата политика ќе важи за песни создадени целосно со АИ, но не и за музика во која уметниците користеле вештачка интелигенција како помошна алатка. „Тидал“ наведува дека сака да им овозможи на слушателите полесно да откриваат вистински музичари, а на авторите да им обезбеди простор нивната работа да не биде затрупана со масовно генерирани содржини.

Платформата посочува и дека досега отстранила повеќе од 65.000 песни поради сомнеж дека имитираат вистински изведувачи. Новите правила се построги од пристапот на „Спотифај“ и „Епл мјузик“, кои главно се определуваат за означување на музиката создадена со АИ, наместо за целосно отстранување.

„Тидал“ е меѓу првите големи стриминг-платформи што се одлучуваат на ваков чекор. Компанијата најави дека ќе продолжи да ги усовршува правилата за да ги заштити авторите и изведувачите, а на оние чии песни погрешно ќе бидат означени како генерирани со АИ ќе им биде овозможено да поднесат жалба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖