Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и во Струга на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќајот, соопшти Секторот за внатрешн работи Охрид.
„Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и за регулирање на сообраќајот во двата града. Особено по булеварот Туристичка во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници, каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата“, соопшти охридската полиција.
Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции.
„Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници, а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките“, соопшти СВР Охрид.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чиј коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. На регионалниот состанок ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула, вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, како и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста. Покрај Македонија, Словенија и Хрватска, во Процесот Брдо-Бриони учествуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
