Претседателот на Русија Владимир Путин доживеа мала незгода вчера во Кремљ. За време на средбата со султанот на Брунеј, Хасанал Болкијах, Путин за миг загуби рамнотежа во фотелјата.
Додека се сместуваше во длабоката позлатена фотелја, Путин нагло се навали наназад. Нозете му се кренаа во воздух, откривајќи ги необично високите потпетици на неговите чевли.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што предизвика лавина шеги и фотомонтажи.
„Како воопшто оди на тие потпетици?“, гласи коментарот на една од објавите со видеото на социјалната мрежа Икс.
„Чевли со платформа – за ниски мажи и диктатори“, напиша друг корисник.
Некои корисници направија и фотомонтажи инспирирани од филмот „Големиот диктатор“.
Не е првпат обувките на 74-годишниот Путин да привлечат внимание. Во јануари 2023 година тој носеше чевли со необично дебели ѓонови при фотографирањето со студенти на Московскиот државен универзитет.
Повод за вчерашната средба во Кремљ беа 35 години дипломатски односи меѓу Русија и Брунеј. Двете земји сакаат да ја подигнат соработката на ниво на стратешко партнерство.
Москва му понуди на Брунеј соработка во енергетиката, во експлоатацијата на нафта и на гас, во петрохемиската индустрија и во снабдувањето со халал храна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
