Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида, објавија заедничка изјава во која ја повикаа Русија да избегнува потези што би можеле да ја прошират војната во Украина.
„Разговаравме за важноста Русија да избегнува какви било дејствија што, намерно или ненамерно, би ја прошириле војната што ја води, како и за значењето на постигнувањето мирно решение на војната што е можно поскоро“, се наведува во изјавата објавена по средбата.
Разговорите се одржале во средата, на 25 ноември, зад затворени врати, без присуство на новинарите. Според заедничкото соопштение, главни теми биле војната меѓу Русија и Украина и конфликтот во Иран. Двајцата разговарале и за резултатите од самитите на НАТО во Хаг и Анкара, како и за потребата од натамошно зголемување на воените трошоци и инвестициите во одбранбената индустрија во САД и во земјите членки на Алијансата.
За разговорите за Иран не беа објавени конкретни детали.
Средбата се одржа по неодамнешната посета на Трамп на Азија, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, нарекувајќи ги двајцата „пријатели“. Средбата со Путин предизвика реакции кај американските демократи и европските сојузници, кои инсистираат Европа да биде вклучена во разговорите за завршување на војната во Украина.
Руте, во интервју за Фокс њуз, рече дека Трамп со средбата со Путин се обидува да провери колку рускиот претседател е сериозен во намерата да ја заврши војната и дали е подготвен да седне на преговарачка маса. Тој порача дека притисокот врз Москва треба да продолжи.
Генералниот секретар на НАТО нагласи и дека секој договор за завршување на војната мора да вклучува безбедносни гаранции за Украина. Доколку не биде постигнат мировен договор, како можна алтернатива спомена долгорочно примирје, при што Украина мора да продолжи да ја добива потребната поддршка за да може да се брани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
