Српската полиција синоќа го активираше системот за итно известување „Најди ме“ по исчезнувањето на 14-годишната Божица Ајети во Обреновац, во близина на Белград. Системот првпат беше активиран во март 2024 година, кога исчезна двегодишната Данка Илиќ во близина на Бор.
„Најди ме“ е воведен во Србија во октомври 2023 година, по образецот на меѓународниот систем „Амбер алерт“ (Amber Alert). Неговата цел е во најкраток можен рок информациите за исчезнатото дете да стигнат до што поголем број граѓани, преку телевизиите, радијата, интернет-порталите, СМС-пораките и електронските екрани на јавните места.
Системот се активира само во посебни околности, меѓу кои и кога постои сомневање дека животот на исчезнатото дете е во опасност или дека детето е жртва на киднапирање.
Според Министерството за внатрешни работи на Србија, Божица исчезнала во понеделникот околу 11 часот, кога се оддалечила во непознат правец од основното училиште „Јован Јовановиќ Змај“ во Обреновац, објави хрватски „Индекс“.
Девојчето е високо околу 160 сантиметри, има слаба градба, кафеави очи, долга црна коса и светол тен. Во моментот на исчезнувањето носело сиво сако, црна маица со долги ракави, црни хеланки и бордо патики.
Полицијата ги повика граѓаните што располагаат со корисни информации да се јават на телефонските броеви 011/192 или 064/8923-414.
При одлучувањето дали да се активира системот „Најди ме“, полицијата ги зема предвид возраста на детето, неговата здравствена состојба и околностите под кои исчезнало. Се проценува и дали јавното објавување на информациите би можело дополнително да ја загрози неговата безбедност.
Српската полиција не ги соопшти конкретните причини поради кои е активиран системот во случајот со исчезнувањето на Божица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
