Принцот Хари и Меган Маркл се вратија во Велика Британија во август, по шест години живот во Калифорнија, а причините за нивната ненадејна преселба повторно се најдоа во центарот на вниманието. Американскиот портал Page Six објави дека проблемите со визата на Хари можеби имале значајна улога во одлуката на семејството да ја напушти Америка.
Според извор од американската влада, визата на принцот истекла и не била веднаш обновена. Сепак, не е познато каков вид виза имал Хари, ниту дали евентуалното доцнење со обновувањето влијаело врз неговото право да остане во САД. Page Six цитирал и поранешен функционер на Стејт департментот, кој посочил дека сите визи имаат рок на важност и мора редовно да се обновуваат.
Информацијата предизвика шпекулации дека американскиот претседател Доналд Трамп можеби сепак одлучил да го протера Хари од земјата. Но, портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс ги демантирал наводите.
– Тврдењата во написот на Page Six што се однесуваат на неговата виза се целосно неточни – изјавил портпаролот за Newsweek.
Во интервју за британското списание GQ во октомври, Хари зборуваше за враќањето во татковината и откри дека семејните причини биле клучни за одлуката. Особено му значело неговите деца, седумгодишниот Арчи и петгодишната Лилибет, да посетуваат британско училиште.
– Можноста да ги запишам децата во британско училиште ми значи многу. Не знаев колку ми е важно тоа – изјави Хари.
Тој објасни дека сакал децата да го запознаат местото каде што пораснал и да ги доживеат убавите моменти од неговото детство. Нагласи и дека му значи да биде поблиску до семејството и да поминува повеќе време во Велика Британија, наместо да доаѓа само на неколку дена или недели.
Во интервјуто за GQ, Хари зборуваше и за односите со своето семејство. Рече дека сака да стави крај на старите конфликти и да остави дел од минатото зад себе, а како најважна цел ја посочи помирувањето.
Прашањето за американската виза на Хари се актуелизираше во 2023 година, по објавувањето на неговите мемоари „Резерва“, во кои отворено зборуваше за поранешната употреба на канабис, кокаин и психоделични печурки.
Конзервативната организација „Heritage Foundation“ потоа поведе судска постапка за да добие пристап до неговите имиграциски документи, доведувајќи во прашање дали принцот бил искрен при поднесувањето на барањето за виза.
Организацијата го загуби спорот, а судијата заклучи дека правото на Хари на приватност има предност пред јавниот интерес за објавување на документите.
Трамп претходно зборуваше за можноста Хари да биде протеран од САД, но во февруари 2025 година ја отфрли таа опција.
– Не сакам да го направам тоа. Ќе го оставам на мира. Веќе има доволно проблеми со сопругата. Грозна е! – изјави тогаш Трамп.
Според Page Six, двојката планира да се врати во Калифорнија со децата за Божиќ, каде што би ги поминале празниците со мајката на Меган, Дорија Рагланд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
