Background

УАПСЕН ТАТКОТО НА ТИНЕЈЏЕРОТ ШТО ПУКАШЕ ВО КРАГУЕВАЦ

Српската полиција го уапси таткото на 17-годишниот матурант кој утрово пукаше во Првото техничко училиште во Крагуевац. Истрагата покажала дека таткото немал дозвола за оружјето што го употребил неговиот син.

Се работи за 49-годишниот С. М., кој е осомничен за недозволено поседување и носење огнено оружје, муниција и експлозивни материјали, објави српската телевизија Н1.

Неговиот син е осомничен за тешко убиство во обид.

- Advertisement -
Ad image

Таткото ќе биде задржан во полиција до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство. Неговиот малолетен син, по сослушувањето, ќе биде изведен пред судија за малолетници во Вишиот суд во Крагуевац.

При денешниот инцидент беа повредени 2 вработени во училиштето, додека сите ученици беа безбедно евакуирани.

Српската полиција истражува фотографија која малолетникот ја објавил на социјалните мрежи непосредно пред пукањето и на која е прикажан маж со пушка од мал калибар во рацете и во камуфлажно одело.

Извор за „Мондо“ тврди дека на сликата е осомничениот, 17-годишниот В.М.

– Утрово објави слика на Вајбер, денешниот датум, 24 ноември, знаевме дека нешто лошо ќе се случи, а тој ни го потврди тоа кога објави слика од себе маскиран со пушка во својата приказна на Инстаграм, со нож во ременот. Сето тоа го објави неколку минути пред пукањето! Веројатно ја направил таа слика рано утрово пред да оди на училиште – изјави неименуваниот извор.

Српската агенција „Танјуг“ ја сподели снимката од апсењето на В.М. пишувајќи дека малолетникот бил совладан од полицајците за 6 минути.

Српската полиција во соопштението вели дека не добила пријава или известување што би можеле да бидат поврзани со денешниот напад.

Директорот на училиштето Немања Јоксимовиќ претходно изјави дека матурантот не предизвикувал проблеми во училиштето.

При нападот беа повредени две хигиеничарки, кои се надвор од животна опасност. Едната од нив, на возраст од 50 години, се здобила со повреда во ногата, додека другата била повредена од скршено стакло.

Српските медиуми претходно открија и необичен детаљ од профилот на матурантот на Вајбер, на кој стоел денешниот датум „24.11“.

Министерството за образование на Србија формираше кризен штаб и испрати тим во Крагуевац.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖