Пензионираниот руски генерал Леонид Ивашов, кој своевремено служел под команда на Владимир Путин, предупреди дека Русија би можела да се распадне уште во 2027 или 2028 година, како последица на војната во Украина.
Според 83-годишниот генерал-полковник, рускиот претседател ја води својата земја кон распаѓање преку катастрофална војна против Украина.
Додека Русија продолжува да ја финансира агресијата врз соседна земја, последиците од војната стануваат сè повидливи за обичните граѓани. Според податоците на независниот руски медиум „Медиазона“ (Mediazona), досега е потврдена смртта на најмалку 285.881 припадник на руските вооружени сили, пишува „Експрес“ (Express).
„Нема да има Русија. Нема да има Русија“, изјави Ивашов, кој смета дека војната во Украина – доколку не се преземат итни мерки – би можела да доведе до распад на земјата уште во 2027 или 2028 година.
Генералот повикува на мирна промена на власта
Со своите изјави, пензионираниот генерал ризикува да биде уапсен, но потсетува дека историјата е полна со примери за „големи“ лидери, кои народот некогаш ги обожавал, но кои подоцна завршиле со насилна смрт.
„Истото ќе се случи и овде“, рече тој. „Она што ни е потребно денес е мирен државен удар. Не востание – за кое веќе сме подготвени и кое би било застрашувачко – туку мирна промена на власта“, додаде тој.
Ивашов смета дека на Путин треба да му се понуди излезна стратегија, за да се избегне можноста тој на крајот да заврши пред стрелачки вод. „Сè се одвива според планот, само не според рускиот“
„Путин беше во право за една работа. Сè се одвива според планот, сè се случува според предвидениот распоред. Целосно се согласувам со тој заклучок. Сè се одвива според планот, само не според планот на Русија. Последиците од војната се длабоки. Мојот заклучок е дека Русија ќе доживее крај во 2027 или 2028 година. Таа ќе се распадне“, изјави Ивашов.
Тој додаде дека е погрешно и понатаму да се убедуваат Русите дека нивниот претседател е „најсилниот и најдобриот во светот“.
Како еден од показателите за слабеење на поддршката за Кремљ, тој го наведува исчезнувањето на симболот „Z“, кој претходно служеше за изразување поддршка за руската инвазија врз Украина.
„Сега сè поретко се гледаат дури и руски знамиња, барем овде на Крим. Луѓето ги покриваат или ги бришат ознаките ’Z‘“, заклучи Ивашов.
Путин повторно ја отфрли одговорноста за војната
И покрај знаците за опаѓање на поддршката за војната, Путин не покажува намери за повлекување и се обидува вината за конфликтот да ја префрли врз Украина, четири години откако Русија ја започна инвазијата врз таа земја.
„Ние не започнавме војна, всушност, никогаш не сме започнале никаква војна. Ние само се обидуваме да ја завршиме“, изјави Путин минатата недела во Шенжен, Кина.
Зеленски: Нема причина да се верува дека Русија ќе се промени
Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред Парламентарното собрание на НАТО, повикувајќи ги присутните да погледнат кон руската историја.
„Дали некој овде верува дека еден ден Русија едноставно повторно ќе стане мирна и безбедна земја? Само погледнете ги последните сто години од руската историја. Можеби имало неколку години во кои Русија навистина не претставувала закана. Сè друго било одбележано со закани“, рече Зеленски.
„Студени војни, хибридни војни, трговски војни, идеолошки војни, вооружени конфликти – различни форми, но секогаш закани. Нема причина да се верува дека Русија ќе стане поинаква земја за една или за пет години“, додаде тој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
