Италијанскиот тенисер Јаник Синер сепак се одлучил за операција на десното колено, по повеќемесечно лекување и консултации со специјалисти. Зафатот ќе биде извршен во финскиот град Турку, објави „Скај спорт Италија“.
Синер денеска отпатувал во Финска, каде што ќе го оперира ортопедскиот хирург Ласе Лемпаинен, специјалист за повреди на тетивите и на мускулите. Финскиот лекар го прегледал тенисерот изминатиот викенд во Милано.
Првичните процени предвидуваат закрепнување од 3 до 4 месеци. Таквата пауза би значела пропуштање и на Австралија опен, кој започнува на 17 јануари. Враќањето на терените би можело да се помести до сезоната на земјена подлога, зависно од закрепнувањето по операцијата.
Само на 10 ноември, Синер го посочи турнирот во Мелбурн како цел за враќање. Сега хируршкиот зафат го менува тој план.
Проблемот е поврзан со илиотибијалната лента во надворешниот дел на десното колено. Италијанецот последен пат настапи на 12 јули, кога го победи Александер Зверев во финалето на Вимблдон.
Одлуката за операција претставува пресврт во досегашното лекување. Синер во октомври го смени медицинскиот тим и побара помош од професорот Алберто Зангрило во миланската болница „Сан Рафаеле“.
Претходно се лекуваше во медицинскиот центар „Ј Медикал“ во Торино. Побара мислење и од францускиот хирург Бертран Сонери-Коте во Лион, по што препораката беше да продолжи со физиотерапија и постепено зголемување на физичкото оптоварување.
Тогаш операцијата не беше во план. Наместо тоа, се подготвуваше постепено враќање на тениските тренинзи во декември, пред почетокот на сезоната во 2027 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
