Расел Бренд најде необичен начин да ја привлече поддршката на јавноста додека ја издржува затворската казна. Неговата компанија „Reborn Wellness“, која продава додатоци во исхраната и производи за здравје, започна да нуди маици и капи со натпис „Free Russell“ („Ослободете го Расел“), објави „Пејџ сикс“.
На интернет-страницата се нудат две маици и капа, секоја по цена од 34,99 долари. Една од маиците го прикажува ликот на Бренд, додека другата и капата го носат натписот „Free Russell Brand“. Производите се ставени во категоријата облека за собирање средства, а во описот се повикуваат купувачите да го поддржат Бренд во неговата „борба против неправдата“.
Кампањата доаѓа откако на 9 ноември Бренд беше осуден на десет години и шест месеци затвор, откако поротата го прогласи за виновен за силување на една жена и сексуални напади врз уште три жени. Тој беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Бренд ги негираше обвиненијата и тврдеше дека сексуалните односи биле со согласност.
Само неколку дена по затворањето, неговата сопруга Лора Галачер прочита порака што ѝ ја испратил од затворот, во нивната емисија „Sunday Service with the Brands“. Во неа Бренд повторно тврдеше дека е невин и ги повика поддржувачите да се молат за него и неговото семејство. Пораката предизвика реакции во Британија, а властите проверуваат дали со нејзиното објавување биле прекршени затворските правила.
По пресудата, уште шест жени го обвинија Бренд за сексуално недолично однесување, а полицијата разгледува и дополнителни пријави. Засега не е познато колкав дел од приходот од продажбата на производите ќе биде наменет за неговата правна одбрана или за други цели.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
