Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека засега не може да открива повеќе детали, бидејќи постапката е во почетна фаза.
– Не можам да кажам детали. МВР го класифицираше настанот како убиство, но сè уште сме во рана фаза – изјави Тошковски.
Безживотното тело на 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин беше пронајдено во саботата, на 21 ноември, на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на Смилковци. Случајот бил пријавен во полицијата во 6:15 часот. При прегледот на телото била забележана прострелна рана во пределот на ногата.
Во непосредна близина бил пронајден неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Министерот Тошковски воедно информира дека во случаот „Макстил“ се обезбедувааат материјални докази за постапката која се води во Јавното обвинителство.
Тошковски при тоа не прецизираше дали станува збор за еколошки или економски криминал.
– Постапуваме по наредба на Јавното обвинителство. Се обезбедуват докази кои што со Јавното обвинителство биле утврдени дека треба да бидат обезбедени. За сите чекори кои ќе следат во иднина навремено ќе ја информираме јавноста – рече министерот Тошковски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
