Background

Страшен инцидент на чешкиот автопат Д6, во близина на местото Јесенице, ја вознемири јавноста откако возач на теренско возило намерно ја запрел жената која управувала автомобил пред него, а потоа физички ја нападнал пред очите на нејзината осумгодишна ќерка

Страшен инцидент на чешкиот автопат Д6, во близина на местото Јесенице, ја вознемири јавноста откако возач на теренско возило намерно ја запрел жената која управувала автомобил пред него, а потоа физички ја нападнал пред очите на нејзината осумгодишна ќерка.

Причината за нападот, според чешката полиција, била тоа што жената ги почитувала сообраќајните ограничувања на делницата каде што се изведувале градежни работи. На патот имало поставено знаци за ограничување на брзината на 50, 30 и повторно 50 километри на час, а таа возела согласно пропишаните ограничувања.

Возачот на црно теренско возило најпрво почнал да ѝ светка со долгите светла, а потоа со автомобилот ја загрозувал и намерно нагло сопирал пред неа, принудувајќи ја и таа да запре.

- Advertisement -
Ad image

Потоа излегол од своето возило, се упатил кон автомобилот на жената, ѝ ја отворил возачката врата и почнал брутално да ја удира по главата и телото.

Во автомобилот била и нејзината осумгодишна ќерка, која во тој момент ја држела камерата од возилото и го снимала нападот. Кога мажот дознал дека неговото однесување е снимано, се обидел насилно да ѝ ја одземе камерата. Но, девојчето успеало да ја скрие под седиштето, со што ја зачувало снимката што подоцна ѝ послужила на полицијата како доказ.

Чешката полиција соопшти дека мажот е осомничен за обид за нанесување телесна повреда, нарушување на јавниот ред и мир и обид за кражба. Случајот првично бил воден во скратена постапка, но на 27 октомври обвинителството го вратило предметот во полиција поради забелешки за правната квалификација на делата.

Во меѓувреме, осомничениот дал интервју за чешката телевизија „Нова“, во кое се извинил за својата реакција, но тврдел дека жената не му дозволувала да ја претекне и дека и таа имала вина за случувањата. Тој го оспорил и описот дека ја претепал, велејќи дека станувало збор за туркање и меѓусебно кошкање.

Полицијата претходно објави снимка од нападот, со цел да ја документира агресијата и да предупреди на опасностите од насилното однесување во сообраќајот. Според полициската портпаролка Власта Суханкова, жената и нејзината ќерка претрпеле силен шок, а нападнатата жена по инцидентот имала страв повторно да вози автомобил.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖