Вкупно 8 луѓе загинаа, а 28 се повредени во масовните руските напади извршени во текот на ноќта и денеска изутрина врз украинската престолнина Киев и уште девет области во земјата, соопшти украинскиот премиер Сергиј Корецки, пренесуваат украинските медиуми.
Според Корецки, руските ракети во Киев погодиле објекти од критичната инфраструктура, меѓу кои и мостови. Оштетени се и објект на канализациската инфраструктура, како и деловни и трговски згради. Само во престолнината загинаа шест лица, а 15 се ранети.
Во Харков, при воздушниот напад, била погодена болница за итна медицинска помош. Ранети се четири лица, а оштетена е и зградата во која се наоѓа одделението за магнетна резонанца.
Штета е причинета и на индустриски капацитети во Киевската, Николаевската, Одеската и Черниговската област, како и на станбени објекти во Дњепропетровската, Лавовската, Виничката, Сумската и Черниговската област. Погодени се и објекти од енергетската инфраструктура.
Според официјалните податоци на командата на украинските воздухопловни сили, во нападот биле употребени балистички ракети „Искандер-М“ и С-400, противбродски ракети „Циркон“, 84 крстосувачки ракети од типовите Х-101, „Калибр“ и „Искандер-К“, како и 404 беспилотни летала од типот „Шахед“, од кои 123 биле со млазен погон. Употребени биле и мамки од типовите „Гербера“ и „Пародија“.
Ракетите биле лансирани од руските области Ростовска, Брјанска, Курска, Орловска и Вологодска, како и од Краснодар, од окупираниот Крим и од Донецката област.
Во одбивањето на нападот учествувале борбената авијација, противвоздушната одбрана, единиците за радиоелектронско војување и беспилотни системи, како и мобилните огнени групи на украинските одбранбени сили.
До 10:30 часот, украинската противвоздушна одбрана соборила или неутрализирала вкупно 462 воздушни цели: три балистички и противбродски ракети од типовите „Искандер-М“, С-400 и „Циркон“, 79 крстосувачки ракети Х-101 и „Калибр“, како и 380 беспилотни летала од различни типови, меѓу кои 102 со млазен погон.
Според првичните информации, директни погодоци биле регистрирани на 23 локации, а остатоци од соборени цели паднале на уште 10 места. Во моментот на објавување на извештајот, воздушната тревога сè уште била активна во одделни делови на земјата.
Во нападите врз енергетската и транспортната инфраструктура во текот на ноќта биле оштетени и делови од украинската железничка мрежа, а во тие напади загинале две лица. Во неколку области се воведени вонредни прекини на електричната енергија поради сериозно нарушената состојба на енергетскиот систем.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
