Роберт Патинсон, кој е избран за улогата на новиот Џејмс Бонд, уште во времето кога се прослави со филмовите „Самрак“, привлекуваше внимание со својата разбушавена коса. Но зад препознатливиот изглед, како што самиот раскажувал, се криела прилично необична навика – не се грижел многу за нејзината хигиена.
Во едно интервју тој објаснил дека често носи капа и дека во косата има „толку многу наталожени остатоци од години и години немиење и целосно отсуство на чувство за лична хигиена“. Дури и кога одел на промотивни настани на кои требало да изгледа како заводлива филмска ѕвезда, имал необично барање до претставникот на студиото.
– Буквално го прашувам дали, ако ми паднат облаци првут, може само да ми ги исчетка – раскажал актерот.
Патинсон зборувал и за тоа дека во еден момент бил толку свесен за првутот што, додека требало да одмори попладне, почнал да ја тресе главата за да види колку снегулки може да му паднат од косата.
– Беше интензивно – се пошегувал тој во разговор за „Entertainment Today“.
Во друго интервју признал дека не ја миел косата околу шест недели, а на прашањето како се справува со тоа, одговорил дека по толку време таа почнува сама да се „мие“ – сè додека не стане неподносливо. Во 2009 година, пак, изјавил дека не ја гледа поентата во миењето на косата ако на човекот не му е важно дали е чиста.
Сепак, Патинсон подоцна открил дека променил некои од своите навики. Во интервју за „The Wall Street Journal“, во 2014 година рекол дека почнал да користи хидратантни кремови и дека не знае дали промената е поврзана со неговата соработка со модната куќа „Диор“ или едноставно со тоа што остарел.
Актерот на 16 ноември беше официјално претставен како седмиот Џејмс Бонд во филмската франшиза. Во новиот, 26. филм за тајниот агент, режијата ќе ја потпише Дени Вилнев, а сценариото Стивен Најт.
Tagged as:
НОВИОТ ЏЕЈМ БОНД ЕДНАШ ПРИЗНА ДЕКА НЕ МИЕ КОСА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
