Данска неодамна ја славеше Кирстен Швалбе како најстарата личност во историјата на земјата, но прославата доби неочекуван пресврт. Се откри дека 112-годишната жена за време на Втората светска војна била локална функционерка на данската нацистичка партија.
Швалбе минатиот месец постави национален рекорд кога наполни 112 години и 218 дена. Набргу потоа се дозна за нејзиното членство во партијата, а дополнителна истрага откри дека имала значително поважна улога.
Според данската новинска агенција „Рицау“, документите од Националниот архив покажуваат дека Швалбе била вршителка на должноста раководител на партиска група во градот Холстебро од август 1943 до јули 1944 година.
Во истиот период ја предводела и локалната женска организација на Данската националсоцијалистичка работничка партија.
Во партијата се зачленила во август 1941 година, една година по германската окупација на Данска. Нејзиниот сопруг исто така бил локален партиски функционер.
Швалбе првично го минимизирала своето нацистичко минато, тврдејќи дека речиси ништо не знаела за идеологијата на партијата.
– Мојот сопруг ме праша, а јас му реков дека не ми е важно. Политиката воопшто не ме интересираше, па едноставно го правев она што тој мислеше дека треба – изјавила таа.
Стогодишната Данка смета дека е неправедно да биде критикувана за нешто што се случило пред повеќе од 80 години.
– Тогаш жените не се занимаваа со такви работи. Тоа им го препуштаа на мажите – објаснила Швалбе.
Меѓутоа, историчарите кои ги анализирале архивските документи утврдиле дека нејзината позиција била многу позначајна од обично партиско членство.
– Таа била повеќе од обичен член. Била многу повеќе од активистка – изјавил данскиот историчар Клаус Бундгард Кристенсен.
Според него, Швалбе имала истакната улога во локалната нацистичка организација, иако не припаѓала на највисокото партиско раководство.
Откритието предизвикало непријатност и кај авторите на неодамна објавената биографија на Швалбе, насловена „Ни треба нешто за кое ќе се смееме“.
Книгата, објавена во октомври, го претставувала нејзиниот долг живот, но не содржела информации за нејзиното нацистичко минато.
Издавачката куќа „Гилдендал“ и авторите Фредерик Хелмс и Лине Морел Холм соопштиле дека не знаеле за нејзините партиски функции. Издавачот најавил дополнително разгледување на новите сознанија.
Данската телевизија ТВ Мидтвест, која со години го следела животот на Швалбе, на 16 ноември го откажала последното продолжение од документарната серија посветена на неа.
Нејзиното семејство соопштило дека 112-годишната жена е длабоко погодена од медиумското внимание и побарало да се почитува нејзината приватност.
Швалбе претходно привлекувала внимание и поради својот 104-годишен помлад брат Бертел, со кого била претставувана како дел од еден од најстарите парови брат и сестра во светот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
