Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија. Но, она коешто е важно е дека ние работиме на тоа граѓаните оваа зима да ја поминат во нормални услови, без разлика на предизвиците во светот – изјави премиерот Христијан Мицкоски, по состанокот на Колицијата на волните што го организираше германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.
„Иако би рекол дека денес во светот се води тивка, трета светска војна, сепак ние успеваме да најдеме начин, да креираме стратегија со којашто ќе го олесниме стандардот на македонските граѓани“ – вели Мицкоски во видеото што го објави на својот профил на Фејсбук.

На настанот се разговарало за глобалните предизвици, за безбедносната состојба во светот, а биле присутни специјалните преговарачи во случајот со Украина на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
„Она кое е исто така важно е фактот дека на настанот се вклучи преку телефонска линија и претседателот Доналд Трамп којшто брифираше од неговата средба со рускиот претседател и кинескиот претседател. Навистина, постојат многу глобални предизвици во светот, но добро е што Македонија е на масата и заедно со останатите учествува во решавање на овие глобални предизвици“ – вели Мицкоски.
Тој информираше дека заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествува на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.
На состанокот била истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД.
– Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници – вели Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
