Background

Од вчера Хрватска ја блокира Црна Гора да затвори уште едно поглавје, вкупно трето, во преговорите за членство во Европската Унија

Од вчера Хрватска ја блокира Црна Гора да затвори уште едно поглавје, вкупно трето, во преговорите за членство во Европската Унија.

На седницата на Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (КОРЕПЕР), Загреб го направи невозможно затворањето на Поглавјето 15, кое се однесува на енергетиката и повторно стави рампа за затворањето на Поглавјето 14, кое е за транспортната политика, пишува црногорскиот медиум Вијести.

Од декември 2024 година, Хрватска не дозволува затворање на Поглавјето 31, кое е за надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

- Advertisement -
Ad image

Причина за блокадите се билатерални спорови на Хрватска со Црна Гора.

Властите во Загреб вчера изјавија дека ќе нема отстапки сè додека Црна Гора не ги исполни нивните барања, а Подгорица одговори дека отворените билатерални прашања не треба да се користат за условување на крајот на процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Еден извор на Вијести тврди дека Хрватска не дозволила затворање на Поглавјето 15 поради прашањето за истражување нафта и гас во дел од Јадранското Море, со оглед на тоа што двете земји немаат воспоставено целосна поморска граница. Друг извор вели дека причината за блокадата е енергетски кабел, но владин извор за Вијести изјавил дека тоа не е точно.

Односите меѓу Загреб и Подгорица со години се оптоварени и поради нерешените прашања околу полуостровот Превлака, сопственоста на бродот за тренинг „Јадран“, обесштетувањето на поранешните затвореници во логорот Морињ и имотни прашања. Хрватска бара да се  решат овие спорови пред да даде целосна поддршка за членството на Црна Гора во Унијата.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера порача дека нема да има попуштање во однос на поставените барања. Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, пак, предупреди дека Загреб нема да се согласи со затворање на поглавјата доколку останат нерешени отворените прашања.

Црногорскиот министер за правда Бојан Божовиќ порача дека неговата земја е подготвена да преговара за разграничувањето, но дека не може да прифати еднострано утврдување на државната граница.

На денешната меѓувладина конференција во Брисел се очекува Црна Гора да затвори само две поглавја, за даноци и за регионална политика, наместо четирите што беа во процедура. Со тоа бројот на привремено затворени поглавја би достигнал 25 од вкупно 33.

Црна Гора има амбиција да ги заврши пристапните преговори до крајот на 2026 година, со цел да стане полноправна членка на Европската Унија во 2028 година. Новите несогласувања со Хрватска дополнително го отежнуваат остварувањето на таа цел.

Црна Гора и Хрватска имаат спор околу границата на ексклузивната хрватска економска зона и истражувањето на нафта и гас во граничните блокови. Во 2014 година, Загреб тврдеше дека Црна Гора има назначено области за истражување нафта и гас кои не се нејзини, туку припаѓаат на Хрватска, додека во 2015 година Црна Гора испрати нота до Одделот на Обединетите нации (ОН) за прекуокеански работи и право на морето (DOALOS) бидејќи Хрватска објави тендер за истражување и експлоатација на јаглеводороди во областа Превлака.

Границата меѓу Црна Гора и Хрватска во регионот на полуостровот Превлака е спорна од распадот на поранешната заеднилка дрва СФРЈ. Превлака се наоѓа на влезот во Которскиот Залив. По воените конфликти во 1990-тите, набљудувачите на ООН ја презедоа контролата врз спорната гранична зона на Превлака – од 1996 до 2002 година, кога беше воспоставен Протоколот за привремен граничен режим. Според Протоколот, Хрватска го има копнениот дел од полуостровот и морскиот појас на влезот во Которскиот Залив од 550 метри, додека делот од водната површина по должината на левиот брег на полуостровот е прогласен за „ничие море“. Тој статус е задржан до денес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖