Background

МИЛИЈАРДИТЕ ЗА ЕГИПЕТ ПРЕДИЗВИКАА СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ

Европската комисија се најде под притисок по откритијата дека Египет добил 2,5 милијарди евра поволни кредити, иако податоците покажуваат намалување на бројот на домаќинства што примаат социјална помош.

Според истрагата на британскиот „Гардијан“, доверливи документи на Европската Унија и податоци од египетските власти отвораат прашања за начинот на кој Комисијата го оценувала исполнувањето на условите за исплата.

Договорот за стратешко партнерство, вреден 7,4 милијарди евра, беше постигнат во 2024 година меѓу Фон дер Лајен и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Неговата цел е економска стабилизација на Египет, ограничување на миграцијата кон Европа и зајакнување на регионалната стабилност.

- Advertisement -
Ad image

Спорните податоци се однесуваат на социјалните програми „Такафул“ и „Карама“, преку кои сиромашните семејства и ранливите категории добиваат парична помош.

За исплатата на првата милијарда евра, Египет требало да го зголеми бројот на домаќинства опфатени со програмите за 100.000, на вкупно 4,7 милиони.

Комисијата оценила дека условот е во голема мера исполнет. Меѓутоа, податоците во истиот извештај покажувале намалување од 62.281 домаќинство, бидејќи повеќе корисници биле отстранети отколку додадени.

Бројките се намалиле, податоците исчезнале

За следната транша од 1,5 милијарди евра било предвидено дополнително проширување на програмите за 60.000 домаќинства.

Европската комисија го прогласила условот за исполнет, наведувајќи дека биле додадени 442.118 семејства. Во извештајот, сепак, не бил наведен бројот на отстранети корисници.

Податоците од египетското Министерство за социјална солидарност покажуваат дека до јуни 2026 година бројот на домаќинства што добиваат помош се намалил за дополнителни 23.453.

Вкупно, од 2024 до 2026 година, наместо предвиденото проширување за 160.000 домаќинства, програмите забележале нето намалување од 85.734 домаќинства.

„Гардијан“ наведува дека спорните податоци во меѓувреме биле отстранети од интернет-страницата на египетското министерство. Новинарите, сепак, располагале со снимки од екранот и архивирани верзии на страниците.

Европратеници бараат објаснување

Холандската европратеничка Тинеке Стрик најавила дека ќе побара објаснување од Европската комисија.

– Откритието на истрагата дека Комисијата очигледно ги разубавува резултатите на Египет е загрижувачко – изјавила Стрик.

Шпанската европратеничка Сандра Гомез Лопез побарала Комисијата транспарентно да објасни зошто смета дека условите се исполнети и да покаже дека европските средства навистина ја подобруваат социјалната заштита во Египет.

Европската комисија ги отфрлила обвинувањата за разубавување на податоците.

Според нејзиното објаснување, поставените услови се однесувале на бројот на нововклучени семејства во програмите, а не на нето зголемувањето на вкупниот број корисници.

Комисијата соопштила дека преостанатите 1,5 милијарди евра кредити ќе бидат исплатени откако Египет ќе ги исполни сите предвидени услови, меѓу кои се економските реформи, соработката со Меѓународниот монетарен фонд и обврските поврзани со демократијата, владеењето на правото и човековите права.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖