Тутунот е еден од главните причинители на болестите на срцето и крвните садови, но штетните последици не зависат само од бројот на испушени цигари. Кардиологот Хозе Абељан во подкастот El Podcast de Druni објасни дека дури и една цигара може да предизвика воспалителна реакција во артериите. Редовното пушење, пак, доведува до трајни оштетувања на крвотокот, пишува шпанскиот весник AS.
Абељан, врз основа на своето клиничко искуство, заклучува дека пушењето е најштетната секојдневна навика за срцето. Иако ризиците се одамна познати и јасно истакнати на кутиите цигари, тој смета дека луѓето сè уште не се свесни колку брзо настануваат оштетувањата во организмот.
Кардиологот потсетува на клучната улога на артериите, кои пренесуваат кислород и хранливи материи до клетките, органите и ткивата. Проблемот настанува кога токсичните материи од тутунот ги надразнуваат ѕидовите на крвните садови и поттикнуваат воспаление, со што се нарушува нивната нормална функција.
Абељан нагласува дека за ваквите последици не е потребно човек долго време да пуши. Тој посочува дека постојат истражувања во кои е забележано засилено воспаление на артериите по само една испушена цигара.
– Постојат студии кои покажуваат дека воспалението во артериите се засилува веќе по една цигара – објаснува кардиологот.
Затоа предупредува дека не треба да се потценува ниту повременото пушење. Ако само една цигара може да го активира воспалителниот процес, последиците од редовното пушење се значително посериозни.
– Ако е така со една цигара, замислете што се случува со дваесет – заклучува Абељан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
