Background

Третиот квартал во откупот на земјоделските производи само ја потврди неповолната состојба во секторот од почетокот на годината

Третиот квартал во откупот на земјоделските производи само ја потврди неповолната состојба во секторот од почетокот на годината. И овој квартал како и во изминатите два квартали трошоците за производство забележаа раст, а пласманот на земјоделските производи се намали.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци во јули, август и септември вкупната вредност на откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 4,7 милијарди денари (76,3 милиони евра) и бележи намалување од 8,8% во однос на истиот период лани.

- Advertisement -
Ad image

Податоците за третиот квартал  покажуваат и пад од 13,5% кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители.

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2026 година покажува дека  откупот од индивидуалните производители бележи континуиран годишен пад во првите три тримесечја (за 46,2 %, 15,1 % и 13,5 %), додека вкупниот откуп и продажба изнесуваа 4,08 милијарди денари во првиот квартал, 3,7 милијарди денари во вториот квартал  и 4,7 милијарди денари во третиот квартал.

Во третиот квартал е забележано намалување од 3,7% кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство. Претходните два квартали имаше зголемување на продажбата од сопствено производство за  за 16,1% во првиот квартал и за 15,7 % во вториот квартал.

Ако се погледаат податоците на откупените количини на земјоделски производи во третиот квартал намалување се бележи кај сите култури и кај грозјето, а зголемување има само кај продажбата на јаболка во овоштарството.

На спротивната страна земјоделците се соочуваат со повисоки трошоци на производство во текот на целиот период. Во текот на три квартали од 2026 година, влезните трошоци (инпутите) бележат постојан годишен раст, кој во вториот и третиот квартал значително ги надминува продажните цени на земјоделските производи (аутпутот).

Во првиот квартал продажните цени на растителното производство бележат висок годишен раст (во март достигнувајќи +27,9 %), што привремено го ублажува притисокот од трошоците. Во вториот квартал се зголемени  влезните трошоци. Така во јуни вкупниот инпут поскапел за 6,4 % на година. Тековно потрошените средства (Инпут 1) пораснале за 6,2 %, додека средствата наменети за инвестиции (Инпут 2) пораснале за 8,5 %. Во истиот месец продажните цени (аутпутот) пораснале за поскромни 4,5 %.

Во третиот квартал продолжува трендот. Па така во јули вкупните трошоци (инпутот) пораснале за 4,1 % (тековни средства +3,7 %, инвестиции +8,9 %), додека продажните цени (аутпутот) паднале за 5,5 %. Најголем годишен скок имало кај ветеринарните услуги (+10,8 %) и енергијата и горивата (+7,9 %). Во август трошоците продолжиле да растат за околу 7 % (тековни средства +6,8 %, инвестиции +9,0 %), додека продажните цени паднале за 2,2 %. трендот прогдолжува и во септември кога влезните трошоци се зголемиле за 8,8 % (тековни средства +8,8 %, инвестиции +8,6 %), наспроти минималниот раст на продажните цени од 2,3 %.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖