Холивудската актерка Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман добија трето дете. Радосната вест не ја соопшти самата актерка, туку ја открија фотографиите од прошетката низ Њујорк со новороденчето кое го носи во носилка на градите.
Според американските медиуми, Хатавеј била фотографирана на 17 ноември, во друштво на пријателка. Облечена во зимски капут и лежерна облека, актерката изгледа расположено додека го носи бебето. На фотографиите се гледа и мало капче во бордо-розова боја, но полот на новиот член на семејството не е познат. Не се објавени ниту името ниту точниот датум на раѓањето, а претставниците на актерката засега не се огласиле. Фотографиите може да ги видите ОВДЕ.
Хатавеј и Шулман, кои се венчаа во септември 2012 година, веќе имаат два сина – Џонатан, роден во март 2016 година, и Џек, роден во ноември 2019 година. Актерката внимателно ја чува приватноста на децата и ретко ги покажува во јавноста. Во интервју за магазинот „Портер“ во 2023 година објасни дека смета дека децата треба да имаат можност самите да ги обликуваат своите животи, без постојано да бидат изложени на јавноста.
Веста за третата бременост ја објави во јуни, со видео на Инстаграм во кое најпрво го криеше стомакот со рацете, а потоа го откри трудничкиот стомак со широка насмевка. За музичка придружба ја избра песната „Baby, I’m Yours“ на Барбара Луис. Радосната вест ја сподели во периодот кога беше на промотивната турнеја за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“.
Во интервју во јули, актерката отворено зборуваше за бременоста во четириесеттите години и призна дека таа и сопругот имале прилично скромни очекувања за проширување на семејството.
– Пресреќни сме, бидејќи од лично искуство знаеме дека не секој ја добива оваа можност, особено не тогаш кога ја посакува. Некои никогаш не ја добиваат – признала таа.
За актерката оваа радост има и посебна тежина поради претходното искуство со загуба на бременост. Во интервју за „Венити фер“ во март 2024 година откри дека во 2015 година доживеала спонтан абортус, додека настапувала во театарска претстава во која секоја вечер на сцената играла жена што се породува. Тогаш не можела да ги крие емоциите зад сцената и им признала на пријателите низ што минува. Подоцна, кога ја објави втората бременост, испрати порака за поддршка до сите што се соочуваат со неплодност и тешкотии при зачнувањето, нагласувајќи дека патот до нејзините две бремености не бил едноставен.
Третото дете доаѓа по исклучително работна година за 44-годишната оскаровка. Таа годинава беше дел од пет филмски проекти: Mother Mary, The Devil Wears Prada 2, The Odyssey, The End of Oak Street и Verity.
И покрај бројните снимања и промотивни активности, Хатавеј во повеќе интервјуа истакнуваше колку ѝ значи поддршката од сопругот, кого го опиша како извонреден животен партнер и човек без чија помош не би можела да ги постигне професионалните успеси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
