Поранешниот светски тениски рекет број еден, Американецот Џими Конорс (74), откри дека води битка со рак на кожата на увото и дека веќе шест недели е во процес на медицинско лекување и реконструкција. Својата здравствена состојба тој ја сподели директно со фановите на почетокот од најновата епизода на неговиот подкаст „Advantage Connors“, кој го води заедно со неговиот син Брет.
Иако Конорс појавувајќи се со преврзано уво не прецизираше за кој точно тип на карцином на кожата станува збор, тој потврди дека процесот на опоравување се одвива во позитивна насока. Легендарниот тенисер поминал низ хируршки зафат за отстранување на туморот, а лекарите веќе шест недели работат на реконструкција на неговото уво, при што му претстои уште една операција.
Конорс го поврза својот здравствен проблем со долгата играчка кариера под отворено небо, истакнувајќи дека во неговото време заштитата од сонце ретко била приоритет.
Тој објасни дека бејзбол-капите што ги носел за време на мечевите дополнително му ги истиснувале ушите нанадвор, оставајќи ги целосно изложени на силното сонце со децении.
Наместо да навлегува во детали за тежината на дијагнозата, осумкратниот грен-слем шампион го искористи својот глас за да ја подигне свеста кај луѓето за важноста на заштитата од УВ-зрачењето.
– Опоравувањето е во тек. Поминаа шест недели. Имав рак на увото. Користете крема за сончање. Направете си услуга и не дозволувајте да поминете низ ова. Тие го реконструираат моето уво, а следната недела ме чека уште една операција. Но, сè е добро и работите се движат во вистинска насока – порача Конорс во својот подкаст.
Тој упати и голема благодарност до својот медицински тим за врвната грижа, ветувајќи им на гледачите дека ќе го покаже „конечниот резултат“ штом процесот на заздравување целосно ќе заврши.
Веста за здравствениот предизвик на Конорс предизвика силни реакции и пораки за поддршка од тенискиот свет, особено затоа што само два месеци претходно, во септември, тој изгледаше сосема здраво при неговото појавување на УС Опен.
Како еден од најголемите борци во историјата на белиот спорт, Конорс зад себе има импресивна кариера во која освои рекордни 109 АТП титули во поединечна конкуренција, 8 грен-слем трофеи и помина вкупно 268 недели на врвот на светската ранг-листа.
Tagged as:
ТЕНИСКАТА ЛЕГЕНДА СЕ ОПОРАВУВА ОД РАК НА УВОТО
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
