Рутинските операции и породувањата би можеле да станат зафати опасни по живот, а иднината на современата медицина е загрозена поради сè поголемата отпорност на антибиотиците и другите лекови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
– Отпорноста на антибиотиците, или пошироко гледано, антимикробната отпорност (АМР), е широко распространета појава што ја загрозува иднината на современата медицина – изјави експертот на СЗО, Жан-Пјер Њемази.
Пациентите со рак и лицата со хронични заболувања исто така се изложени на поголем ризик од инфекции предизвикани од бактерии, вируси или габи кои повеќе не реагираат на достапните облици на лекување.
СЗО ги повикува земјите да ги засилат напорите во борбата против антимикробната отпорност за време на неделата за подигнување на свеста за овој проблем, од 18 до 24 ноември.
Според Њемази, се проценува дека во 2021 година повеќе од еден милион луѓе починале како директна последица на антимикробната отпорност. Ако продолжат сегашните трендови, моделите предвидуваат дека во следните 25 години таа би можела да предизвика 39 милиони смртни случаи во светот, додаде тој.
Расте бројот на бактерии отпорни на лековите што најчесто се користат, додека истовремено се развиваат премалку нови антибиотици.
– Спречувањето на инфекциите е еден од најефикасните начини за намалување на потребата од антибиотици – истакна експертката на СЗО, Праварша Пракаш.
Сепак, само нешто повеќе од една третина од земјите целосно ги спровеле на национално ниво насоките на СЗО за спречување на инфекции.
Од СЗО наведуваат дека многу земји сè уште се далеку од остварувањето на целите што Светското здравствено собрание ги постави во 2024 година, а треба да бидат исполнети до 2030 година. Целите опфаќаат спречување на инфекции, употреба на лекови во болниците, капацитети за тестирање и следење на отпорноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
