Повеќе од 1,5 милион сопственици на автомобили во кинескиот град Шенжен ветиле дека нема да возат за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). За возврат, градските власти им нудат картички за јавен превоз вредни до 100 јуани, односно околу 15 долари.
Необичната акција е дел од подготовките за пристигнувањето на околу 20 светски лидери, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс.
Возачите што ќе го исполнат ветувањето ќе добијат картички за превоз, а предвидени се и налепници со ознаката на самитот.
Од вторник, автомобилите со регистарски таблички од други градови нема да смеат да сообраќаат низ поголемиот дел од Шенжен во текот на денот.
Градските власти ги повикале и сопствениците на електрични велосипеди да се откажат од возењето, нудејќи им попусти за осигурување.
Истовремено, паркираните велосипеди се отстрануваат од главните улици.
Шенжен, познат како еден од најголемите технолошки центри во Кина, вовел и строги ограничувања за бучавата.
Свирењето со автомобилските сирени е забрането, а прекршителите ги откриваат специјални акустични камери. Казните почнуваат од 300 јуани, односно околу 45 долари.
Забраната предизвикала незадоволство кај дел од возачите, кои сметаат дека без сирените потешко можат да предупредат на опасни ситуации во сообраќајот.
Мерките ги погодиле и доставите со дронови, една од технолошките услуги по кои градот е препознатлив.
Кинеската компанија „Меитуан“ ги прекинала доставите со дронови на 10 дена.
Подготовките за самитот влијаат и врз секојдневието на жителите. Основните и средните училишта започнуваат четиридневен есенски распуст, додека работодавците се охрабруваат да овозможат работа од дома, флексибилно работно време или платено отсуство.
Една жителка изјавила дека поради затворањето на улиците нема да може да оди на работа со автомобил, а дополнителен проблем ѝ претставува грижата за децата додека училиштата не работат.
Необичните подготовки стигнале дури и до облеката.
Вработена во една компанија раскажала дека работодавецот ги предупредил да не носат маици со англиски натписи чие значење не го разбираат, за ненамерно да не истакнуваат навредливи пораки.
Шенжен во меѓувреме ги уредил централните градски површини со нови цветни насади и обновени улици. Десетици илјади луѓе, меѓу кои и припадници на обезбедувањето, носат црвени елеци со натпис „волонтер“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
