Танкерот за гас „Гас Хаски“ потонал денеска во Црното Море, на околу 50 милји источно од бугарскиот град Бјала. Ова е второ потонување во подрачјето за два дена, по вчерашната несреќа на товарниот брод „Бетул 8“, кој превезувал пченица.
Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека во спасувачката операција учествуваат воени авиони и хеликоптер, објави бугарски „Труд“.
Бродот исчезнал од радарите кратко по полноќ. Во 8.02 часот по бугарско време се активирал неговиот итен радиопредавател EPIRB. Според првичните информации на специјализираниот портал „Маритајм“, екипажот не испратил посебен повик за помош.
Романската поморска управа соопштила дека танкерот бил погоден со дронови, пренесе бугарскиот „Клуб З“.
„Гас Хаски“ пловел под либериско знаме, од Александрија во Египет кон романското пристаниште Мидија. Според бугарските извештаи, на него имало 19 членови на екипажот.
Авион Су-25 полетал од Балчик во 10.25 часот и забележал спасувачки сплав со луѓе. Потоа бил испратен хеликоптер „Кугар“, а кратко по 11 часот кон подрачјето се упатил и втор Су-25.
Последната позната позиција на танкерот била на околу 27 километри од местото каде вчера потона „Бетул 8“. Двата брода се наоѓале надвор од бугарските територијални води, во економската зона.
„Бетул 8“ во понеделникот, 17 ноември, пловел под сомалиско знаме, од романскиот град Тулча кон Египет. Превезувал пченица, а сите 12 членови на екипажот преживеале.
Екипажот пријавил дека бродот тоне на околу 40 наутички милји од ’ртот Калиакра. Бугарските власти испратиле четири брода, два хеликоптера „Кугар“ и авион Су-25.
Плусинфо претходно објави и за нападот од 28 октомври, кога три поморски дрона го погодиле контејнерскиот брод „Контшип џет“. Инцидентот се случил на околу 21 наутичка милја југоисточно од Шабла. Сите 18 членови на екипажот биле спасени.
На 13 октомври два товарни брода биле погодени во одделни напади. „ХС дигнити“ потонал, петмина морнари биле спасени, додека 11 се воделе како исчезнати. Од погодениот „Челси-3“ биле спасени сите 15 членови на екипажот.
Бугарските власти тогаш соопштиле дека немаат цврсти докази за потеклото на дроновите.
На 6 ноември бугарската морнарица уништила дрон пронајден на плажа кај Шабла. Министерството за одбрана го идентификувало како руски „Гербер-2“, кој најверојатно паднал во морето и бил исфрлен на брегот. Во леталото немало експлозив.
Tagged as:
УШТЕ ЕДЕН БРОД ПОТОНА КАЈ БУГАРИЈА ПО ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
