Background

ЛИДИЈА ВУКИЌЕВИЌ ЈА ПОЛЕАЈА СО ЈОГУРТ ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ

Лидија Вукиќевиќ, позната по улогата во серијата „Подобар живот“, беше полеана со јогурт пред српското Собрание, каде што пристигна на конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Актерката е членка на Српската напредна странка и новоизбрана пратеничка на листата предводена од Александар Вучиќ.

Инцидентот се случи пред зградата на парламентот, каде што се собраа поддржувачи на Студентската листа, која победи на изборите на 25 октомври. Кога почнаа да пристигнуваат пратениците на СНС, тие беа дочекани со свирежи, а Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата.

Откако влезе во Собранието, Вукиќевиќ им се обрати на новинарите заедно со Александар Вучиќ, низ солзи раскажувајќи за инцидентот.

- Advertisement -
Ad image

– Многу лошо се чувствувам затоа што бев нападната од Срби, од сопствениот народ. Целиот живот и целата кариера ги посветив на Србија и на нашиот народ, за да ги развеселувам и да го дадам најдоброто од себе – изјави актерката објаснувајќи дека присутните најпрво ја влечеле одзади, потоа ја кубеле за косата, а на крајот ја полеале со јогурт.

– Никогаш нема да се согласам со тоа што го прават и никогаш нема да се плашам од нив. Нека ме полеат и со 30 литри јогурт, нека прават што сакаат – рече Вукиќевиќ, обвинувајќи ја и полицијата дека не реагирала и не ја заштитила.

И Александар Вучиќ го осуди нападот и ја обвини студентската страна за организирање нереди.

 

Вукиќевиќ претходно двапати била пратеничка, од 2007 до 2008 и од 2008 до 2012 година. Во политиката влегла во 2004 година како членка на Српската радикална странка, која ја напуштила во мај 2012 година. По пауза од повеќе години, повторно се активирала во политиката како кандидатка на СНС, на чија изборна листа се најде на деветтото место.

Студентската листа освои 140 од вкупно 250 пратенички места, додека листата на Вучиќ доби 103 мандати. Со тоа, СНС по 14 години ја изгуби власта и премина во опозиција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖