Background

ПРОБЛЕМОТ ВО „МАЈКРОСОФТ“ СЕ КРИЕЛ СО МЕСЕЦИ

Компанијата „Мајкрософт“ ја откри причината за големиот глобален прекин што минатата недела остави милиони корисници без пристап до електронската пошта и до други канцелариски услуги. Проблемот бил предизвикан од 3 технички недостатоци, меѓу кои и софтверска грешка што со месеци останала незабележана.

Во првичниот извештај објавен во понеделникот, компанијата посочува дека прекинот бил резултат на комбинација од стара грешка, неисправна внатрешна мрежна врска и намален капацитет на серверите, пренесува „Гардијан“.

Секој од проблемите поединечно можел релативно лесно да се реши. Меѓутоа, нивното истовремено појавување предизвикало преоптоварување што ги направило серверите недостапни.

- Advertisement -
Ad image

Прекинот започнал во четвртокот, кога корисници во САД пријавиле дека не можат да пристапат до свои те сметки на „Аутлук“.

Проблемите продолжиле и следниот ден, зафаќајќи ги „Ексчејн“ и други услуги од пакетот „Мајкрософт 365“.

Последиците биле почувствувани и надвор од канцелариите. Некои болници морале да преминат на хартиена документација, училиштата останале без комуникација со родителите, додека полициски служби не можеле да примаат пријави.

Во одредени затвори биле нарушени и процедурите за ослободување затвореници.

Компанијата соопшти дека услугите биле обновени до саботата и им се извини на корисниците.

Грешката чекала од јули

Извршниот потпретседател на „Мајкрософт“ за „Копилот“, агенти и платформа, Чарлс Ламана, објасни дека клучната софтверска грешка постоела уште од јули.

Според него, компанијата вообичаено користи две мрежни порти преку кои се пренесуваат податоците меѓу системите.

Едната порта не функционирала правилно за „Мајкрософт тимс“, поради што главната морала да преземе дополнителен сообраќај.

Истовремено, повеќе од 14 проценти од серверскиот капацитет биле недостапни поради друг, неповрзан проблем што се појавил претходниот ден.

– Зголеменото оптоварување и намалениот капацитет на серверите доведоа до активирање на грешката што постоеше уште од јули – објасни Ламана во објава на платформата Икс.

Барањата од корисниците почнале да се натрупуваат, сè додека серверите целосно не престанале да одговараат.

Дополнителен проблем било тоа што дефектот се активирал во период на најголем интернет-сообраќај во САД.

Зошто поправката траела толку долго?

Обновувањето на услугите било отежнато бидејќи серверите, веднаш по повторното вклучување, биле преплавувани од претходно натрупаните барања.

Поради тоа, повторно престанувале да реагираат.

– Нашите вообичаени автоматизирани процеси за обновување не беа дизајнирани за враќање на услугите од толку широко распространета состојба на неодговорност – напиша Ламана.

Бидејќи грешката постоела со месеци, компанијата не можела едноставно да ја отстрани со поништување на неодамнешна софтверска промена.

„Мајкрософт“ најави дека ќе објави конечен извештај со дополнителни технички детали.

Потпретседателот за сајберразузнавање и одговор во „Ен-Си-Си груп“, Мет Хал, оцени дека прекинот ја покажал ранливоста на организациите што премногу зависат од еден технолошки систем.

– Извештаите дека болниците, училиштата и другите основни услуги биле погодени покажуваат колку широко влијание може да има прекин на системот, без оглед на причината – изјави Хал.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖